Франција ги легализираше хомосексуалните бракови

Од:

Франција денес стана 14-та држава во светот, која го легализираше стапувањето во брак на истополовните бракови, откако парламентот го усвои законот со кој на лицата од ист пол им е дозволено да се венчаат и да посвојат деца.

Пратениците на долниот дом од францускиот парламент, каде што социјалистите на претседателот Франсоа Оланд имаат апсолутно мнозинство, го усвоија нацрт законот со 331 гласа „за“ и 225 „против“, јави „Ројтерс“.

Предлог законот кој што го усвои парламентот официјално ќе стапи на сила, откако ќе го потпише претседаетелот и откако ќе биде објавен во Службен весник.

Опозицијата се надева дека ќе го одложи тој чекор, така што ќе го поднесе жалба до Уставниот суд, но владата верува дека судот жалбата ќе ја отфрли.

Иницијативата за усвојување на законот со кој ќе се легализираат истополовните бракови е една од главните реформи кои што ги вети Оланд, а кои предизвикаа голема дебата, повремени улични протести, како и пораст на хомофобичните напади во Франција.

Противниците на законот сметаат дека Франција се уште не е подготвена за овој закон, а анкетите покажуваат дека јавноста е поделена за прашањето околу посвојувањето на деца од хомосексуалните бракови.

Холандија во 2001 година стана прва држава во светот која ги легализираше истополовните бракови, а потоа тоа го направија и Белгија, Шпанија, Канада, ЈАР, Норвешка, Шведска, Португалија, Исланд, Аргентина, Данска, Уругвај и Нов Зеланд.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт