Лавров: Индија и Кина можат сами да ги решат меѓусебните проблеми

Од:

Русија нема да посредува меѓу Кина и Индија во конфликтот околу спорното погранично подрачје на Хималаите, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров денес разговараше со министерот за надворешни работи на Кина Ванг Ји и шефот на индиската дипломатија Субрамаџам Џаишанкар.

Тој, по виртуелната средба со кинескиот и индискиот колега, рече дека на Пекинг и Њу Делхи не им е потребна помош однадвор за решавање на нивните спорови.

„Никогаш сме немале за цел да им помагаме на Индија и Кина да ги развиваат билатералните врски. Тие можат да се изборат и да решат секаков проблем во меѓусебните односи,“ рече Лавров пред новинарите.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Силен земјотрес ја погоди Кина

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

НАТО и се закани на Кина

Најмалку четири лица се исчезнати во поплавите во Кина

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати