Индија сака што побргу да ја заврши зделката за рускиот антиракетен систем С-400

Од:

Индија планира во што е можно покуси рокови да го добие рускиот ракетен систем С-400, пред сè поради тензиите долж границата со Кина, јавуваат агенциите.

Ова е главна причина за посетата на индискиот министер за одбрана Раџнат Синг на Русија, каде ќе се сретне со својот руски колега Сергеј Шојгу.

Москва и Њу Делхи во 2018 година склучија договор за испорака на рускиот ракетен систем С-400, во вкупна вредност од околу пет милијарди долари. Според договорот, системите треба да бидат испорачани во Индија до крајот на 2021 година.

Освен за С-400, Индија има интерес и за купување на 33 нови ловци МиГ-29 и Сухој СУ-30МКИ. За време на посетата на Москва, се очекува индискиот министер за одбрана да го постави и прашањето за купување на резервни делови и други детали од руската воена техника.

Русија е најолемиот извезувач на одбранбена опрема и оружје за Индија.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот