Реизбраниот италијански претседател Џорџо Наполитано почна итни консултации за формирање на нова Влада, два месеца по предвремените парламентарни избори во земјата.
Политичкиот ќорсокак во кој се најде Италија, третата по важност економија во еврозоната, ги растревожи европските партнери на земјата.
По остриот и емотивен говор за време на положувањето заклетва за вториот претседателски мандат, 87-годишниот италијански претседател денеска почна итни консултации.
Се очекува новата Влада да биде повеќепартиска, а би можела да биде формирана до крајот на неделата.