Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ не е заразен со коронавирус. Епидемиолозите го известиле дека неговиот тест е негативен.
„Во душа позитивен, на корона негативен“, кусо изјави градоначалникот Богдановиќ за „А1он“.
Тест за коронавирус му бил направен вчера откако дознале дека позитивна на Ковид – 19 е Маја Ралевска, секретар на Општината.
Тестирани се уште неколкумина вработени со кои Ралевска имала контакт. Резултатите се уште се чекаат.
Градоначалникот Богдановиќ и вработените со кои Ралевска имала контакт од вчера се во изолација. Ќе останат во изолација, согласно правилата до втор негатиивен тест.