„За тебе“ – здружение кое ќе ги застапува проблемите на децата без родители

Од:

По првпат во Северна Македонија е формирано здружение „од деца без родители, за деца без родители“, со целосно име Здружение за помош и поддршка на деца без родители „За тебе“.

„За тебе“, информираат од здружението, има за цел да го инспирира општеството да им биде семејство на овие деца, со креирање на програми преку кои експертите во својата област ќе можат споделат дел од своето време, знаење и вештини, за и овие млади луѓе да имаат достоинствен живот.

Од Здружението истакнуваат дека секое дете заслужува шанса да си ги оствари соништата.

Преку програмите кои Здружението „За тебе“ веќе ги подготвува, ќе се опфатат клучните предизвици со кои се соочуваат младите луѓе кои до 18 години имале статус на дете без родители. Засега, јавноста ќе ги добива сите информации за делувањето на ова здружение преку Фејсбук страна For You – За тебе. Достоинствен живот за сите деца без родители!, посочуваат од Здружението.

Би можело да ве интересира

Донација од „Мастербет ДООЕЛ Скопје“ за Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“

А1он

12-годишен штитеник избегал од Домот за деца со воспитни проблеми во Ѓорче

Жарко Настоски

Иселеник од Германија донираше парични средства и пакетчиња за штитетниците на Домот „11 Октомври“

А1он

ВИДЕО: Свесни ли сте дека протестирате против три деца кои немале среќа во животот

Татјана Ташкова

Креативна работилница во Домот за деца без родители „11 Октомври“

Ана Ололовска

Штитениците од Домот „11 Октомври“ се дружеа со ракометарите на Вардар

Ана Ололовска