Македонска е-спорт екипа со шампионско место во „League of Legends“ и вице шампионско во „Counter Strike: Global Offensive“

Од:

Македонската е-спорт екипа освои шампионско место во „League of Legends“ и вице шампионско место во „Counter Strike: Global Offensive“ во европскиот куп на Нации во еспорт „StayHome European Nations Cup“.

Како што соопштија денеска од Македонската еспорт екипа, во играта „ProEvolution Soccer 2020“ се пласирале до четврт финалето. На квалификациите за купот на Нации пријавени биле 130 тимови и 40 поединци.

Посочуваат дека дванаесет членки на Европската Федерација го организирале овој куп на Нации за да ја подигнат свеста кај младите во Европа за опасноста од Ковид 19 и да порачаат дека е добро да се остане што е можно повеќе во карантин за да се спречи ширењето на вирусот.

Купот се одржа во три наслови „League of Legends“, „Counter Strike: Global Offensive“ и „ProEvolution Soccer 2020“.

Би можело да ве интересира

„ФИФА 22“ ќе понуди и „фудбал-тенис“

Ана Ололовска

Истражување: Жените се повеќе време посветуваат на видеоигрите

Ана Ололовска

Пристигна најновата едукативна игра за деца „Ристина и Шарко“

Ана Ололовска

Осум милиони Романци редовно играат видеоигри

Ана Ололовска

УМПАКИ со повик за млади лица од 10 до 18 години за изработка на концепт за видео игра

Ана Ололовска

ВИДЕО: Сони го претстави новиот „PlayStation 5“

А1он