Италијанската полиција разбила албанска банда, во чие членство имало и жени, која делувала на територијата на Италија со продажба на дрога и принудувајќи девојки на проституција, јави дописникот на МИА од Тирана.
Полицијата од Милано потврдила дека истрагата почнала во март минатата година, на подрачјето на Лоди, Торино и Падова откривајќи дека парите „заработени“ од проституција на која принудувале девојки, ги користеле за набавка на дрога.
– Проститутките сите Романки, работеле во подрачјето на Фиера, подрачје каде ги наоѓале клиентите, а потоа ги носеле во луксузни апартмани, купени од криминалната група. Услугите ги давале со скапа тарифа, 70 евра за 30 минути.
Парите потоа биле користени за трговија со хероин и кокаин од Ломбардија и Швајцарија, купување недвижен имот, автомобили со големи цилиндри.