Зелените површини позитивно влијаат на психичкото здравје

Од:

Истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека градските паркови и останатите зелени површини имаат позитивно влијание на психолошкото здравје.

Научниците од Универзитетот Ексетер користеле податоци собрани од околу 5.000 семејства во текот на 17 години.

Стручното списание „Psychological Science“ пишува дека новите наоди треба да имаат големо влијание на идните урбанистички планови.

Во новата студија се пронајдени докази дека зелените површини се поврзани и со превенција на стресот и воопшто на поголемо чувство на животно задоволство.

Научниците додаваат дека на оваа појава не влијаеле фактори како промена во количината на приходи на испитаниците или нивната вработеност, брачната состојба и физичкото здравје.

Дополнително позитивно влијание на зелените површини е забележано кај лица кои ги користеле за физички активности.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска