Повторно тензии во Будва, граѓаните и полицијата пред општината

Од:

Голема група граѓани и вечерва се собра пред седиштето на општината во црногорскиот приморски град Будва, откако пропаднаа преговорите за надминување на политичката криза во градот.

Пред општината е распореден полициски кордон, а претседателот на општината, Крсто Радовиќ, ги повика поддржувачите да бидат мирни и да не ги напаѓаат полицајците.

Минатата недела, група пратеници од Демократската партија на Србите во Будва со тесно мнозинство го презеде советот на општината, а сменетите претставници на локалната власт обвинија за насилна промена на волјата на гласачите.

Радовиќ ги повика сите кои сакаат да му дадат поддршка нему и на останатите сменети функционери, да дојдат во општината, но, како што кажа, „без паравоени и параполициски формации“.

„Ваков грабеж, кршење закони, прекројување на изборната волја на граѓаните, фалсифукување печати… ова е незапаметено во последните 30 години. За ова е потребна кондиција, а ние ја имаме,“ рече Радовиќ.

 

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција