Енди Мареј се подготвува за УС Опен и Ролан Гарос годинава

Од:

Поранешниот светски тенисер број еден, Британецот Енди Мареј, размислува да учествува на Отвореното првенство во САД и Ролан Гарос оваа година, но само доколку е доволно безбедно, со оглед на пандемијата на коронавирусот што го потресе и тенискиот свет.

Турнирот во САД ќе се одржи без навивачи меѓу 31 август и 13 септември во Њујорк, додека Отвореното првенство на Франција започнува во Париз на 27 септември, а финалето е на 11 октомври.

„За мене, грен слем-турнирите се приоритет. Распоредот е малку чуден, но има причини за тоа. Мене лично не ми пречи да играм на двата турнира, сè додека е безбедно. Можеби ќе може да се постигне тоа, штом ќе можам да донесам со мене уште еден човек. Мислам дека тоа треба да биде физиотерапевтот, затоа што тренерските инструкции можат да се дадат од далечина, изјави Шкотланѓанецот за британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех