Русија не се согласува со оценките за Путин во книгата на Болтон

Од:

Проценките на Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, дадени во неговите мемоари, а кои се однесуваат на рускиот претседател Владимир Путин, не можат да се сфатат како објективни, бидејќи е можно за нешто да се согласиме, но не и со сè, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Што се однесува до неговите оценки за нашиот претседател, тие се различни, со некои можете да се согласите и со некои не можете да се согласите, така што тука мора да ги погледнете одделните пораки,“ изјави Песков пред новинарите.

Според него, како што јавува државната новинска агенција Тасс, не може да се даде општа проценка за мемоарите.

Песков, исто така, одби да коментира дали перцепцијата на Болтон за Путин е позитивна или негативна.

Би можело да ве интересира

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети