На тестирањето за медицинската струка во Прилеп, само двајца ученици беа вишок

Од:

Денешното тестирање за учениците од медицинската струка во прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“ донесе резултати со кои двајца од 36-те тестирани не го поминаа квалификацискиот испит.

Иако сите имаа по 75 бода, а паралелката за медицински сестри треба да брои 34 ученици, двајца од учениците не може да се запишат на оваа медицинска насока. Во ова училиште се оформени и паралелките, по една со 34 ученици за акушерско-гинеколошки сестри и по една за фармацевтски и за физиотерапевтски техничар.

Пополнети се и паралелките од другите услужни дејности во ова училиште, фризерско и козметичко, додека место има во паралелките од текстилната, дрвно-преработувачката и од рударската струка.

Што се однесува до резултатите за упис во другите четири средни училишта во Прилеп, во Гимназиајта „Мирче Ацев“ во првиот уписен рок се запишаа 197, а има место уште за 109 ученици, во електромашинското училиште „Ристе Ристески Ричко“ се пријавија 215, а има место за уште 141 ученик.

Најмногу слободни места останаа во економското училиште „Кузман Јосифоски Питу“ каде од 238 места се пополнија 52, а во хемиското училиште „Орде Чопела“ за 309 места се пријавија 59 полуматуранти. Вториот уписен рок е на 24 и 25 јуни.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски