Филипче смета дека поригорозно спроведување на мерките ќе даде резултат

Од:

Поригорозно спроведување на мерките ќе даде резултат. Многу настани се случија во изминатиот период по што не се спроведе ниту контрола, ниту санкции и од тука произлегоа нови заразени. Секојдневно сме сведоци дека се организираат настани кои сега се забранети. Сметам дека мора да биде контролата поригорозна, порача на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој потенцира дека мерката со државен карантин е навистина добра и ќе прати сигнал до сите кои не ги почитуваат мерките оти навистина треба да се придржуваат до нив, затоа што немаме друг механизам во борба против вирусот.

– Прво е сериозен дел оставен на свеста на граѓаните и да им честитаме на оние кои се придржуваат до овие мерки. До сите кои не се придржуваат ништо добро не прават, прават лошо за себеси, за најблиските, се изложуваат на ризик, го загрозуваат здравствениот систем и строго на терен треба да работат службите кои ова треба да го детектираат и да го санкционираат, рече Филипче.

Тој информира дека во неколку наврати имало состаноци со претставници на МВР на кои се укажало на предизивиците и на проблемите со кои се соочуваат сите институции и од здравствениот систем, и верувам, истакна, дека сето тоа е сериозен сигнал секаде каде што може и треба поинтензивно да се работи.

– Сметам дека со таква интензивна работа на терен ќе се пушти сериозен сигнал до граѓаните и тие ќе сфатат дека овие мерки мора да се почитуваат, нагласи минситерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски