Еден од најверните луѓе во тренерската кариера на Антонио Конте дошол во судир со него и го напуштил Интер на почетокот на овој месец, информира „Кориере дело Спорт“.
Станува збор за Хулио Тус Фахардо, кој е специјалист за физички тренинг и беше со Конте за време на престојот во Јувентус, Челси и италијанската репрезентација.
Нема информации за тоа што точно довело до несогласувањето меѓу Конте и Фахардо.
Се очекува аргентинскиот тренер наскоро да започне со работа за шпанската репрезентација, пишува „Кориере дело Спорт“.