Општина Чаир со 394 активни случаи на заразени со коронавирус е прва меѓу скопските општини. По неа следуваат Гази Баба со 156, Бутел со 144, Центар и Сарај со по 137.
Следува општина Аеродром каде има регистрирано 135 активни случаи, Карпош со 116.
Кисела Вода има 98 активни случаи заразени со коронавирус, Ѓорче Петров – 83, Студеничани – 86, Шуто Оризари – 73, Арачиново – 55, Илинден – 31, Петровец – 14, Чучер Сандево – 16, Сопиште – 13, Зелениково-2.
Во вкупниот број на активни случаи во Скопје се регистрирани и 4 странци, а четворица се нерегистрирани.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5196, бројката на оздравени пациенти е 1974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2975.