Кирјос за коронавирусот кај тенисерите во Задар: Сосема глупава одлука за одржување на ревијалниот турнир

Од:

Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос како глупава ја оцени одлуката да се игра ревијален турнир во Задар организиран од Новак Ѓоковиќ. Кај неколку учесници на турнирот е пронајден коронавирус.

-Сосема глупава одлука да се игра егзибициски турнир. Деца, ви посакувам брзо закрепнување, но еве што се случува ако ги игнорирате сите протоколи, напиша Кирјос на Твитер.

Од учесниците на турнирот вирусот е потврден кај бугарскиот тенисер Григор Димитров и Хрватот Борна Чориќ, како и кај неколку лица од стручните штабови, а се чекаат резултати на останатите директни или индиректни учесници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ

Полскиот тенисер лут поради повластениот третман на Синер: „Уништен сум и шокиран“

Предраг Петровиќ