Чак Хејгл: САД ќе ја гарантираат безбедноста на Израел во „овие опасни времиња“

Од:

САД се цврсто решени да ги зацврстат своите врски со Израел во момент кога Блискиот исток е зафатен од кавги, вети денеска министерот за одбрана на САД, Чак Хејгл на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесе ДПА.

-Времињата сега се опасни и повеќе од кога било претходно е потребно пријателите и сојузниците да се зближат. Ние сме цврсто решени да продолжиме да ги зацврстуваме нашите односи со Израел, рече Хејгл.

Тој изрази увереност дека дејствувајќи взаемно со сојузниците и пријателитете, САД ќе успеат да го направат потребното за Блискиот исток да го претворат во подобар регион и на Израел да му гарантираат повеќе безбедност.

Нетанјаху одговори дека без никаков сомнеж врските меѓу САД и Израел ќе станат уште поблиски, додека на чело на американското Министерство за одбрана е Чак Хејгл, и дека тоа е многу важно, бидејќи и двете земји се исправени пред многу предизвици.

Како најголеми закани израелскиот премиер ги посочи вооружувањето на терористичките групи од Иран и обидите на Исламската република да се здобие со нуклеарно оружје.

Хејгл во неделата пристигна во Израел, неговата прва станица од петдневната обиколка на Блискиот исток. Тој ќе ги посети, исто така, и Јордан, Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Глад во Газа: По шест часа се чека за векна леб

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израелците погодија бунгалов со новинари во Јужен Либан, тројца загинати

Катерина Ѓуровски

Во израелскиот напад на училиште во Газа загинаа 16 лица, меѓу кои 4 деца

ИДФ: Четворица израелски војници убиени, шест ранети во јужен Либан

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски