Агенцијата за катастар на недвижности повторно работи со капацитетот со кој работеше пред состојбата на пандемијата со коронавирусот.
-Шалтерите што пред здравствената криза работеа со работно време од 7:30 до 18:00 часот, ќе продолжат да работат со истото работно време. Тоа важи и за Центарот за катастар на недвижности – Скопје, чие работно време на шалтерите е од 7:30 до 18:00 часот, стои во објавата на веб страницата на Катастарот.
По препораките од Владата за преземање мерки за превенција против ширење на вирусот КОВИД-19, шалтерите во Центарот за катастар на недвижности – Скопје од 13 март работеа од 7:30 до 15:30 часот.
Од Катастарот истануваат дека останува можноста, голем дел од услугите и информациите кои ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности можат да се обезбедат и преку веб страницата: www.katastar.gov.mk, или на бесплатната инфо линија: 0800 80 800.