Намален бројот на жители во Шпанија поради економската криза

Од:

Првпат по повеќе од две децении, бројот на жителите во Шпанија минатата година е помал во однос на 2011-та, соопшти шпанската државна статистика.

Главна причина за падот е намалувањето на бројот на имигранти со право на жителство, што е директна последица на длабоката економска криза во Шпанија.

Според најновите статистички показатели, во 2012 година во Шпанија живееле 47,1 милион жители, што е за околу 216.000 помалку во споредба со претходната година. Дури 206.000 од нив се имигранти-жители на Шпанија кои си заминале. Најголем пад на имигранти има меѓу доселениците од Еквадор и од Колумбија.

Намалувањето на населението е уште поголемо ако на тоа се додадат и Шпанците кои ја напуштиле земјата во потрага по работа и подобар живот во земјите од ЕУ или во прекуокеанските држави. Последен пат, намалување на вкупниот број на жители во Шпанија е забележано на почетокот на деведесетите години на 20-от век.

Статистичарите објаснуваат дека најголем демографски раст е забележан во 2008 година, како и во годините пред глобалната банкарска криза. Растот на населението во тие години е последица на економскиот развој на земјата и на градежниот бум, кога на пазарот на недвижен имот се нудеа голем број на релативно евтини станови и куќи, кога Шпанија беше привлечно место за живеење.

Кризата во градежниот сектор, падот на цената на недвижниот имот, вкупната криза и големата невработеност, влијаеа за намалување на имигрантите и на вкупниот прилив на странците, пред се, на оние од земјите на Јужна Америка и од Источна Европа.

– Шпанија не е повеќе атрактивна земја, затоа што нема работа, изјави за домашните медиуми Алберто Естеве, од Центарот за демографски истражувања во Барселона.

Би можело да ве интересира

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

(ВИДЕО) Триесетина Романци, сите роднини, се степаа на улица во Шпанија

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Двојно убиство во Барселона: Маж ја убил својата поранешна, но и сегашната партнерка

Момче е убиено на фудбалски терен во Толедо

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ