Само 40,82 отсто излезност на изборите во Србија до 18 часот, најниска во споредба со претходните години

Од:

На парламентарните, покраински и локални избори во Србија до 18 часот излезноста изнесува 40,82 отсто, со Косово 42 проценти и досега не се забележани поголеми неправилности.

Според невладините набљудувачки организации ЦРТА, ИПСОС и Цесид, излезноста до 18 часот изнесува 41,08 отсто и таа според Црта е помала од парламентарни избори во 2016 година.

Поради бојкотот на изборите од страна на опозицијата од коалицијата Сојуз за Србија (СзС), како компарација се мери излезеноста во градот Шабац, каде повеќето опозициски партии излегоа со независни кандидати на локално ниво, каде до 18 часот излезеноста изнесуваше 51 отсто.

Засега, според невладината набљудувачка организација Црта, забележани се 0,5 отсто неправилности на избирачките места, како што е случајот со таканаречениот „бугарски воз“ на две изборни места во Зрењанин и на едно место во Пожаревац, тепачка на избирачкото место во Нов Белград поради бремена жена, обидот за контрола на избирачкиот список од неовластени лица во Свилајнац и напад врз новинарите на нишкиот портал Јужни вести, од лица кои биле снимени со непознати списоци во рацете.

На изборите своето гласачко право до 20 часот ќе можат да го искористат 6.583.665 граѓани на 8.386 гласачки места, меѓу кои и на 140 места на Косово и во 42 амбасади на Србија,

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени