А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Процентот на новозаболени лица во земјава е ист со вчерашниот – 13 отсто од тестираните се позитивни

by А1он21/06/2020 - 18:43748
Share0

Процентот на новозаболени лица од Ковид-19 во земјава е ист како вчера, ако се направи компарација меѓу направените тестови и регистрираните позитивни случаи.

Следете a1on на Instagram Instagram

Имено, вчера беа регистрирани 185 новозаболени на направени 1.364 тест што е 13,5 отсто од тестираните.

Денеска се потврдени 101 нов случај на заразени на направени 776 тестови, а тоа е 13 отсто од тестираните.

Во денешната статистика не се вклучени податоците за тестираните во болницата Систина, бидејќи не биле стигнати во ИЈЗ до праќањето на извештајот, нагласија од Министерството за здрасвтво. Доколку стигнат, овие лица ќе бидат внесени во утрешниот извештај.

Следете a1on на Youtube YouTube

Охрабрувачки е тоа што бројот на смртни случаи денеска е значително помал во споредба со вчера. Вчера починаа 11 лица, а според денешните податоци во изминатите 24 часа починале 5 лица.

Викендов излекувани се 63. пациенти.

Од позитивните на Ковид-19, 362 пациенти во земјава се хоспитализирани, од кои најмногу се во ГОБ „8 Септември“.

На Инфективната клиника за два дена се хоспитализирани 14 пациенти, од кои 9 вчера, а петмина денеска. Со тоа, вкупната бројка на хоспитализирани на Инфективна изнесува 95 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“, викендов се примени 29 лица, а вкупно таму лежат 133 лица. Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип – 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.106 лица, а 2.942 се водат како активни случаи.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео