Нападот во Рединг, Британија, оквалификуван како терористички акт

Од:

Британската полиција соопшти дека ќе го третира како терористички акт вчерашниот инцидент во кој три лица се убиени, а тројца сериозно повредени откако маж со нож ги нападна во парк во градот Ридинг на југот на Англија.

Во официјалното соопштение се наведува дека инцидентот е прогласен за терористички напад и дека во моментов се води истрага за овој настан.

Полицијата претходно соопшти дека уапсила 25-годишен маж на тоа место под сомнение за убиство, додавајќи дека не бараат други осомничени.

Сведоците рекоа дека мажот нападнал околу 18 часот по локално време, напаѓајќи случајни минувачи во парк во Ридинг, град на околу 65 километри од Лондон.

Сведокот Лоренс Ворт за Би-Би-Си изјави дека напаѓачот одеднаш пошол кон група од околу осум до десет лица и почнал да ги прободува. Тој се обидел да нападне и други лица, но сите почнале да бегаат од местото на инцидентот, па и напаѓачот почнал да бега од паркот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски