Јовановски бара во четврток да биде однесен во обвинителството за да пријави криминал од одредени лица

Од:

Бојан Јовановски – Боки 13, побарал од судијката Васка Николовска-Масевска да му дозволи во четврток да биде спроведен од истражниот затвор во Шутка, во Основното јавно обвинителство, за да поднесе кривични пријави против, како што пишува во барањето, одредени лица.

Доколку барањето биде уважено, ова ќе биде втор обид на Јовановски да поднесе пријави на записник, откако во февруари одби да го стори тоа, иако во затворот беше го посети обвинителката Гордана Смаќоска, испратена од републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Сашо Дукоски, бранител на Јовановски, вели дека Јовановски одбил да поднесе пријави кај Смаќоска бидејќи таа работи во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде шефица е Вилма Русковска, застапник на обвинението за „Рекет“.

„Никаде не е забрането да поднесеш пријава до републичкиот јавен обвинител, а каде тој ќе ја распредели пријавата е друг муабет. Јовановски во февруари одби да разговара со обвинителката Смаќоска бидејќи нема доверба во неа. Зошто тогаш не беше испратен обвинител, на пример од Куманово? Можеби ќе збореше и ќе дадеше наоди за сторен криминал“, вели Дукоски, реагирајќи на изјавата од Јовески, кој за „А1он“ изјави дека нема да се сретне со Јовановски.

Адвокатот на Јовановски не се согласува со републичкиот јавен обвинител, Јовески, кој кажа дека осудениот можел и на рочиштата за „Рекет“, пред судијата и новинарите, да каже со какви докази располага, за какви кривични дела.

„Судијата не му дозволи да зборува за некакви кривични пријави“, кажа Дукоски.

Минатата недела, судот донесе пресуда и го осуди Јовановски на девет години затвор. Тој беше гонет за две кривични дела, примање награда за противзаконито влијание за кое казната е една до 10 години затвор, а исто толку е и казната за другото дело што му се става на товар, односно, перење пари и други приноси од казниво дело.

Би можело да ве интересира

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

Ја тепал со боксови и клоци, се заканувал дека ќе ја запали куќата, Обвинителството бара притвор за гевгеличанец

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

Загадена вода преку пумпите на „Комуналец“ влегла во главниот водовод, Обвинителството објави детали

Ленче Ристоска: Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2″ ќе беше во мое надлежно постапување доколку не поднесов оставка

Предраг Петровиќ

Британец фрлал камења кон даночни контолори кај „Камени кукли“, сопруг е на Стојна која се поврзува со спорот околу локалитетот

Катерина Ѓуровски