Пекинг оцени дека комесарката на ОН за Хонг Конг се меша во суверенитетот на Кина

Од:

Кина оцени дека „несоодветните“ изјави на комесарката на ОН за човекови права Мишел Башеле за законот за национална безбедност во Хонг Конг претставуваат „грубо мешање во суверенитетот и внатрешните работи на Кина“.

Башеле вчера изјави дека новиот кинески закон за Хонг Конг „мора да биде во целосна согласност со обврските на Кина кога станува збор за почитување на човековите права“ и меѓународните договори за заштита на граѓанските и политичките слободи.

„Овие изјави се грубо мешање во суверенитетот и внатрешните работи и ги кршат целите и принципите на Повелбата на ОН, поради што Кина изразува силно незадоволство и остро спротивставување“, се вели во соопштението на кинеската мисија во ООН во Женева.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција