Црвените ѓаволи се вратија на фудбалската сцена по долгата пауза, а вечер со почеток од 21:15 часот ќе ги одмерат силите со Тотенхем.
Тие во пресрет на натпреварот објавија дека се подготвени да се соочат со противникот и да ги побараат трите поени на гости.
Same intensity tonight, please ?#MUFC @VLindelof pic.twitter.com/0TPa7e7SAU
— Manchester United (@ManUtd) June 19, 2020
Во однос на антирасистичките протести ширум светот, од тимот најавија дека ќе донираат дресови со натписот „Black Lives Matter“, што стана симбол на протестите во САД по убиството на Афорамериканецот Џорџ Флојд.
All proceeds from the Black Lives Matter printing on our shirts will be donated to @KickItOut ?
? Now available ⤵️
— Manchester United (@ManUtd) June 19, 2020
Во моментот лидер на табелата е Ливерпул со 82 поени, додека Манчестер Јунајтед се наоѓа на петтата позиција, а Тотенхем на осмата.