Брегу: Западен Балкан ќе загуби 800.000 работни места поради пандемијата

Од:

Западниот Балкан ќе изгуби 11.6 проценти од работните часови поради пандемијата на коронавирусот, што е еднакво на губењето на 800.000 работни места и би можело да го уништи напредокот во вработувањето што регионот го бележи од 2012 година наваму, изјави денес генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.

Таа додаде дека директното влијание на пандемијата врз регионот било значајно, но и дека тоа не е крај и дека претстои долг пат. Огромните трошоци на повеќемесечното запирање на стопанските активности со време и ќе растат, рече Брегу.

„Изолацијата донесе неизбежен скок на нвработеноста во целиот регион. Иако не ја даваат целата слика за ситуацијата, податоците на јавните служби за вработување во шесте економии во Западниот Балкан покажуваат значителен пораст на бројот на невработени,“ вели Брегу.

Според неа, пандемијата носи и ризик за ширење на поделбите на веќе подвоените пазари на трудот – оние кои можат да работат од дома со помош на апликации се помалку загрозени од работниците кои не можат и на кои поради тоа им е намалена платата или добиле отказ.

Брегу напоменува и дека непријавените работници се несразмерно погодени од рестриктивните здравствени мерки воведени во економиите на земјите од Западниот Балкан. Тие воглавно се ангажирани на работни места со ниска продуктивност и имаат мала или никаква заштеда што може да им помогне за време на криза, појаснува Брегу.

Таа вели дека во регионот, најпогодени во врска со вработувањето се жените.

„Од друга страна, во поглед на перспективите за вработување, најтешко се погодени жените, кои и во најголема мера се изложени на оваа криза, а 69 проценти од жените на Западниот Балкан ја сметаат пандемијата за закана врз нивното или врз работното место на член на нивното семејство,“ вели Брегу, која додава дека се слични и податоците за младите. 51 процент од испитаните млади луѓе изјавиле дека нивна најголема грижа е невработеноста, додека дури 59 проценти не се задоволни со можностите за вработување.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ