ВИДЕО: Демонстрантите го соборија и споменикот на првиот претседател на САД

Од:

Активисти во Портланд го соборија споменикот на првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон откако претходно ја запалија неговата глава со знамето на САД за време на протестите организирани во градот.

Во ноќните часови околу 30 до 40 демонстранти самоиницијативно го вандализираа споменикот на творецот на американската државност лоциран на северноисточната страна на градот.

Демонстрантите го нарекуваа првиот претседател на САД „геноциден колонист“, но исто така можеа да се слушнат и други погрдни имиња упатени кон историската личност.

Додека демонстрантите го уриваа споменикот со јажиња, друга група пред американскиот Центар на правдата се судри со полицијата фрлајќи молотови коктели.

Локалните власти соопштија дека досега полицијата не привела учесници кои биле на нередите.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија