Путин ги повикува најмоќните светски лидери на самит за горливите проблеми

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика лидерите на петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН што е можно поскоро да се договорат за организирање самит што треба да се фокусира на горливите светски проблеми.

Путин го испрати повикот во напис објавен на англиски јазик во американското списание за меѓународни односи, „Национален интерес“, чија централна тема е улогата на Советскиот сојуз во победата на сојузниците во Втората светска војна.

Анализата на Путин е објавена пред парадата закажана за следната недела на Црвениот плоштад во Москва за одбележување на 75-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија.

„Денес, исто како и во 1945 година, важно е да се покаже политичка волја и да се дискутира заедно за иднината“, напиша рускиот претседател.

Путин предлага самитот да се одржи во јануари, а четири земји членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Кина, Франција и Велика Британија, во принцип потврдија дека се согласуваат.

Москва се надева дека самитот би можел да биде организиран кога стравот од коронавирусот ќе се смири. Москва објави дека самитот ќе биде посветен на глобалната економија, безбедноста, контролата на оружјето, екстремизмот, компјутерската безбедност и климатските промени, а Путин најави дека Русија ќе ги претстави своите идеи и иницијативи на сите тие теми.

„Потпирајќи се на заедничка историска меморија, можеме и мораме да веруваме едни на други. Тоа ќе биде цврста основа за успешни преговори и насочена акција во корист на обезбедување … стабилност и безбедност за целата планета“, напиша Путин.

Би можело да ве интересира

Треба да и дозволиме на Украина да гаѓа цели во Русија вели Макрон, реагираше Путин

Катерина Ѓуровски

Путин: Секогаш чекор пред непријателот

Путин: Русија ќе разговара за мирот во Украина само со легитимните лидери во Киев

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Контрамерка на Путин: Дозволи користење на американскиот имот како обештетување за Русија