Расте бројот на заболени од коронавирус во Министерството за внатрешни работи. Според последните податоци, бројот се зголемил на 68 вработени кои добиле позитивни резултати од тестирањето за коронавирусот, дознава „А1он“. Од неделата, кога имаше 41 заболен, евидентирани се нови 27 случаи.
Неофицијално, најголем дел од нив се од граничната полиција, па потоа Единицата за брзо распоредување, каде има 12 дијагностицирани, Одделот за обезбедување на лица и објекти со 8 заболени, а позитивни на коронавирус има и во Единицата за специјални задачи.
Во МВР се зголемува и бројот на вработени кои поради контакт со заболено лице се ставени во изолација. Издадени се нови 113 решенија, а со тоа, бројот на вработени во изолација се искачи на 283 лица.
Инаку, претходно коронавирус им беше дијагностициран на еден советник на министерот Наќе Чулев и двајца вработени во бифето на МВР, Поради контакти со нив, во изолација се испратени пет лица, меѓу кои и државниот секретар Магдалена Несторовска.