Премиерот на Холандија Марк Руте ја држел вчера за рака жената на умирање, откако беше удрена од камион, додека го возела нејзиниот велосипед, изјави портпаролот на Владата, Стефан Схровер.
Премиерот потоа дал изјава во улога на сведок. Тој патувал со автомобил во Хаг во моментот кога се случила несреќата, рече Схровер.
– Никој не и пружи прва помош, а премиерот ја држеше за рака жената и и зборуваше, додаде тој.
Женета, чија возраст не е соопштена, починала на местото на несреќата.