Адеми: Свидетелствата се бесплатни, тие што ги наплаќаат да се пријават во ДПИ

Од:

Учениците и граѓаните треба да пријават во Државниот просветен иснпекторат (ДПИ) доколку училиштата бараат од нив да платат за свидетелствата за завршена учебна година, рече министерот Арбер Адеми одговарајќи на новинарско прашање во врска со вакви случаи за кои има и претставка до Народниот правобранител.

-Остро го осудувам секое вакво дело кое ги задолжува учениците да плаќаат за нешто за што воопшто немаат обврска. Свидетелствата ние бесплатно ги обезбедуваме и ги охрабрувам сите граѓани и ученици да пријават до ДПИ, а Инспекторатот нив да ги санкционира за кршење на законите, рече Адеми.

Во врска со постапката за избор на ректор на Скопскиот универзитет, рече дека не ги знае сите детали од процесот и дека е тој внатрешен за секој универзитет, а дека МОН ги креира образовните политики.

-Универзитетите имаат целосна автоноимија и автономно ја спроведуваат постапката. Очекувам дека сè се одвива како што треба и за тоа сме заинтересирани како надлежна институција за образование. Во новиот Закон за високо образование се демократизира целиот процес за избор на тела и за мандати, рече министерот.

Во однос на реакцијата на кандидатот за ректор проф. д-р Петар Атанасов, кој беше елиминиран од конкурсот, Адеми одговори дека МОН не е надлежен за оперативни активности и дека до ДПИ се поднесуваат претставки за какво било прашање поврзано со образованието.

За реакцијата на приватните високообразовни установи за дискриминација на нивните студенти за кои не важат ваучерите што ги доделува Владата, Адеми одговори дека се согласува дека сите студенти треба да имаат исти услови, но дека такви се можностите. Уредбите се на Владата, рече Адеми, а и порано имало случаи кога некои мерки важеле за една категорија студенти, а за други не.

-За жал, мерката е таква каква што е. Јас би сакал да се вклучат сите студенти во земјата, без разлика на која високообразовна институција тие студираат – јавни или приватни или јавно-приватни, како што е, на пример, Универзитетот на Југоисточна Европа, кој со право го покрена ова прашање. Но треба да ги имаме предвид и финансиските можности за да можеме да обезбедиме средства за сите студенти, независно каде студираат, рече ресорниот министер.

Адеми кажа и дека за време на летото ќе се подготвуваат за новата 2020/2021 учебна година и за какво било сценарио, иако очекува дека од 1 септември наставата ќе биде во нормални услови и учениците ќе се вратат во училишните клупи. Ќе има обуки на наставници и ќе се подобрува инфраструктурата за поуспешна онлајн-настава ако условите го наложат тоа.

Формирана е и широка работна група со меѓунаропдни претставници и, како што рече, на маса се различни предлози, а кои од нив ќе бидат активирани ќе зависи од околностите.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови