Вархеји: Преговарачките рамки за Скопје и Тирана готови оваа недела

Од:

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, пред Европскиот Парламент денеска изјави дека преговарачките рамки на ЕУ со Албанија и Северна Македонија ќе им бидат поднесени оваа недела на земјите членки на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Вархеји се обрати на пленарната седница на Европскиот Парламент во врска со извештајот за Западен Балкан. Тој истакна дека Европската Комисија го врати регионот во срцето на Европа во првите шест месеци од оваа година и дека ветувањата кон регионот се претворија од зборови во дела.

-Комисијата доби задача да изготви преговарачки рамки за Северна Македонија и Албанија, кои ќе бидат готови веќе оваа недела, заедно со преглед на реформскиот напредок, потврди Вархеји.

Преговарачките рамки беа ветени во текот на јуни, додека пак редовните извештаи за напредокот на сите земји од регионот се одложени за наесен, кога Европската Комисија треба да понуди и голем економски и инвестициски план за излез од кризата на регионот.

Вархеји истакна дека испорачано е и во однос на ветувањата кон земјите членки на ЕУ со ревидираната преговарачка методологија која овозможи конечно зелено светло за преговорите со Скопје и Тирана во март годинава, по повеќе месеци блокада од страна на Франција.

-Процесот на проширување е заснован на заслуга, за да напредуваат на патот кон ЕУ, земјите од Западниот Балкан треба да продолжат да испорачуваат реформи, посебно во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, темелните вредности и човековите права, рече еврокомесарот, и додаде дека што побргу една земја напредува реформски, толку побргу се приближува до членство во Унијата.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он