ФОТО: Екодефиле во Гевгелија по повод Денот на планетата Земја

Од:

Фондацијата „Аполонија“ традиционално веќе неколку годинини го одбележува„Светскиот ден на планетата Земја—22 април“. Оваа година заедно со екоодборите приосновните училишта „Крсте Мисирков“ и „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија беше организирано екодефиле со велосипеди и пешаци под мотото „НАША ПЛАНЕТА – НАША ИДНИНА“.

Дефилето  се одржа денеска напладне, а повеќе стотици екологисти и свесни младинци за значењето на нашата планета како животен простор за сите нас, продефилираа низ гевгелиските улици, започнувајќи од паркот кај железничката станица, низ плоштадот на Гевгелија, зградата на Општина Гевгелија по улицата „Маршал Тито“, па сè до излетничкото место „Динќут“.

Овде беа организирани натпреварувачки игри за 150 деца што учествуваа во оваа активност.

Целта на овој настан е да ја подигне свеста кај младите и кај граѓаните на Гевгелија за значењето на планетата Земја за сите нас, како да се грижиме за неа, а посебно за младите од еко одборите, кои бараат повеќе зелени површини и рециклирање.

defile-planeta-z-gevgelija (1) defile-planeta-z-gevgelija (2) defile-planeta-z-gevgelija (3) defile-planeta-z-gevgelija (4) defile-planeta-z-gevgelija (5) defile-planeta-z-gevgelija (6)

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Браните ја поместија оската на Земјата за повеќе од еден метар