Европската комисија најави отворање детална истрага за спојувањето на францускиот Пежо ПСА и италијанско-американскиот производител на автомобили Фиат-Крајслер, поради сомневања дека ќе се создаде компанија со преголеми влијание на пазарот.
„Двете групации, кои ќе го формираат четвртиот по големина производител на автомобили во светот, имаат ткн. „силно место“ на пазарот на автомобили. Ние внимателно ќе процениме дали предложената трансакција ќе има негативно на конкуренција на пазарот, истакна еврокомесарката за конкуренција, Маргарет Вестагер.
ЕК, која треба да донесе одлука до 22 октомври, загрижена е дека спојувањето ќе ја намали конкуренцијата за возила помали од 3,5 тони во 14 земји-членки на ЕУ (Белгија, Хрватска, Чешка, Шпанија, Франција, Грција, Унгарија, Италија, Литванија, Луксембург, Полска, Португалија, Словачка, Словенија и Шпанија), како и во Велика Британија.