Две третини од Шпанците летово ќе останат дома

Од:

Според нова анкета на шпанскиот Центар за социолошки истражувања, 65,7 проценти од испитаниците одговориле дека нема да одат на одмор ова лето, поради здравствената и економската криза предизвикана од коронавирусот.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 40,8 отсто од Шпанците се загрижени за здравствената состојба поради Ковид-19, а 34 проценти од нив од финансиската криза која е резултат на пандемијата.

Шпанија, една од најпогодените земји од епидемијата во Европа, во понеделник ќе ги отвори своите граници, кои беа затворени од 13 март, и ќе овозможи туристички патувања. Право да влезат во Шпанија ќе имаат само жителите на земјите-членки на шенген зоната, додека границата со Португалија ќе биде отворена на 1 јули.

Туризмот учествува со 12 отсто од бруто домашниот производ на Шпанија.

Рекордни 80 милиони туристи минатата година ја посетија земјата, но сега плажите се празни, хотелите допрва ќе се отвораат, а илјадници работници се надеваат дека ќе се вратат на работа.

Во понеделникот, по три месеци, странски туристи пристигнаа на Балеарските Острови во рамките на пробна програма.

Би можело да ве интересира

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја