Народен правобранител: Училиштата не смеат да наплаќаат за издавање сведителства, да се пријават такви случаи

Од:

Училиштата не смеат да им наплаќат на учениците за издавање сведителство за завршено образование, соопштија денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, од каде потенцираат дека според Законот за основно образование и Законот за средно образование секое дете има право на бесплатно основно воспитание и образование. Истото право како што велат од Омбудсманот важи и за средното образование кое е задолжително за секој граѓанин.

– Со оглед дека учебната година заврши, a на учениците треба да им бидат издадени свидетелства, кои пак, се неопходна документација за запишување, односно продолжување на образованието, Народниот правобранител им укажува на училиштата дека свидетелството претставува јавна исправа која во еден примерок му се издава на ученикот и за издавање на истото не смеат да ги условуваат учениците, односно родителите/старателите со претходно уплаќање на определени средства, се вели во соопштението на Народниот правобранител.

Во тој контекст, Народниот правобранител ги охрабрува учениците, односно нивните родители/старатели таквите случаи на наплата што се вршат спротивно на закон да ги пријават во Државниот просветен инспекторат или кај Народниот правобранител. Воедно апелира од страна на овој орган кој врши контрола над работата на училиштата и остварувањето на правата во областа на образованието соодветно да реагира за да ги спречи ваквите незаконски наплати и тие да се санкционираат.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он