ЕУ го олесни ембаргото за увоз на сириска нафта

Од:

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска го олеснија ембаргото за увоз на сириска нафта со цел да им помогне на бунтовниците кои се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад.

Според договорот, европските компании што сакаат да увезуваат нафта од Сирија или да инвестират во енергетскиот сектор, ќе бараат овластувања од своите влади кои ќе се консултираат со сирискиот опозициски Национален совет.

– Со цел да се помогне на сириското цивилно население, земјите-членки може да дозволат купување, увоз или транспорт на нафта и нафтени деривати од Сирија, но само по консултација со сириската опозиција, се наведува во соопштението на ЕУ.

Одлуката за олеснување на нафтеното ембарго на ЕУ ќе овозможи компаниите од европските земји не само да увезуваат сириска нафта, туку и да извезуваат технологија за преработка на нафта и да инвестираат пари во областите под контрола на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија