Австралија и Велика Британија почнуваат преговори за слободна трговија

Од:

Австралија и Велика Британија денеска официјално почнаа преговори за слободна трговија после Брегзит и се надеваат дека ќе ги завршат оваа година, соопшти министерот за трговија во Канбера, Сајмон Бирмингем.

Претходно беше објавено дека конзервативната британска Влада денеска ги отвора преговорите за слободна трговија и со Нов Зеланд, а слични договори настојува да склучи и со други земји од целиот свет, додека преговара со Европската унија.

Австралискиот министер рече дека, дури и во случај на договор, малку е веројатно дека обемот на трговијата меѓу двете земји ќе се врати на нивоата од 70-тите години, што значи пред Британија да се приклучи на тогашната Европска економска заедница кога британските трговски врски беа концентрирани на нејзините поранешни колонии.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски