Реновирани кабинети, набавена нова опрема и зајакнат медицинскиот кадар во поликлиниката „Железара“

Од:

Повеќе инвестиции за набавка на нова медицинска опрема и реконструкција и реновирање на кабинетите, во вкупна вредност над 18 милиони денари се реализирани изминатите две години во Поликлиниката на секундарно ниво „Железара“, соопшти Министерството за здравство.

Формиран е нов дијагностички кабинет, во кој функционираат сите ултразвучни апарати и апаратот за дензитометрија, со што се зголеми бројот на прегледани пациенти, имајќи предвид дека апаратите се искористуваат во целост и кабинетот работи во две смени. Комплетно се обновени и преуредени и кабинетите за физикална и рехабилитациска медицина, кабинетот за ЕЕГ, реновиран е влезниот хол и поставен е нов централен шалтер.

Од аспект на подигнување на квалитетот на здравствените услуги во установата, набавен и ставен во функција e нов апарат за ЕЕГ, во вредност над милион денари, со кој значително се зајакнува кабинетот за неврологија. За рендген кабинетот се обезбедени дигитален апарат за панорамско снимање заби и ултразвучен апарат со елестограф за ЕХО на дојка, за очниот кабинет нов апарат за OCT, бесконтактен тонометар, орторајтер, во кабинетите по интерна медицина – нов холтер за крвен притисок и ЕКГ холтер систем, како и бројни апарати наменети за кабинетот по физикална терапија, меѓу кои: апарат за електро терапија и ултразвучна терапија, магнетна терапија, ласерска терапија, вакуум терапија, термотерапија (парафински казан), ламба со инфрацрвено зрачење итн.

Исто така, кабинетот за дерматовенерологија е доопремен со комплетно нов електрокаутер, апарат за крио терапија, дермоскоп, бактерицидна ламба, како и нова центрифуга и микроскоп за лабораторијата во оваа установа.

Изминатиот период во оваа јавна здравствена установа е реализирано и значително зајакнување на медицинскиот персонал во повеќе дејности, со 22 вработувања, меѓу кои: шест доктори специјалисти од областа на радиологија, медицинска биохемија, оториноларингологија, неврологија, медицина на труд и физикална медицина, седум медицински сестри, двајца физиотерапевти, четири медицински лаборанти, рендген технолог, психолог и фармацевтски техничар, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска