Руската мрежа за дезинформации е уште активна, покажува истражување на „Графикс“

Од:

Операцијата за дезинформации на социјалните медиуми, поврзана со Кремљ, која се обиде да се меша во изборите во САД во 2016 година, продолжува да дејствува и да ги дели и дискредитира западните демократии, се наведува во  анализата на публикациите на социјалните медиуми на њујоршката аналитичка компанија „Графикс“ (Graphics).

Операцијата наречена „Секундарна инфекција“ (Secondary Infektion) е слична на „Операцијата инфекција“, кампања за дезинформации, што ја шири теоријата на заговор дека СИДА-та е создаден во САД.

„Графикс“ наведува дека „Секундарна инфекција“ е дел од обидите на Русија преку социјалните медиуми да го поларизираат јавното мислење, не само во САД во 2016 година, туку и во земји како Украина, Франција, Велика Британија и други.

Во извештајот на „Графикс“ се наведува дека во рамките на „Секундарна инфекција“ од 2014 година до сега се објавени пораки на повеќе од 300 интернет-платформи во текот на операцијата. Содржината на објавите вклучува пораки што ги оцрнуваат муслиманите, ја обвинуваат Хилари Клинтон за убиство или ја нарекуваат Ангела Меркел алкохоличарка. Во некои пораки има лажни документи или лажни коментари, како што е пораката на Твитер до американскиот сенатор Марко Рубио, во која се вели дека Велика Британија шпионирала за претседателот Доналд Трамп.

Според авторите на извештајот, за разлика од други руски мрежи за дезинформација – предводени од руското воено разузнавање или Агенцијата за истражување на интернет, авторите на „Секундарна инфекција“ вложуваат големи напори да ги избришат своите траги, иако тоа ја намалува нејзината ефикасност.

Украина е главна цел за таа дезинформациска мрежа, при што во многу пораки ја опишуваат земјата како корумпирана.

Според други објави, САД се прогласени за воинствена држава, дека Европа е слаба, а има и такви што ги негираат наводите дека руските спортисти користат допинг. Засега не се познати идентитетите на актерите во операцијата, но од техничка и јазична основа, експертите оценуваат дека тие се поврзани со руските власти.

„Од Фејсбук и Редит минатата година беа отстранети профили на операцијата „Секундарна инфекција“. Поголемиот број објави потекнуваат од профили, што по една употреба беа затворени, пред да добијат следбеници. Тоа им отежнува на аналитичарите да ги следат на мрежата, но во исто време спречува операцијата да се пренесе на други профили и дезинформацијата да предизвика голема штета,“ наведуваат авторите на извештајот.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија