Во 2017 година, кога САД го доби новиот претседател Доналд Трамп, тој по инагуарацијата требаше заедно со неговото семејство да се пресели во Белата куќа од безбедоносни, но и репрезентативни причини.
Трамп во 2017 година го замени своето живеалиште во Њујорк со Белата куќа во Вашингтон, но тоа не го направи и неговата сопруга и прва дама на САД, Меланија Трамп.
Јавноста тогаш се прашуваше зошто сопругата и нивното дете останале да живеат во Њујорк и не заминале со претседателот во новиот дом.
Одговорот кој го добиваа медиумите беше дека најмалиот син на претседателот, Барон (10) треба да ја заврши училишната година, па потоа заедно со Меланија да се преселат во Белата куќа.
Според новинарката на Вашингтон пост, Мери Џордан, тоа сепак не била причината зошто Меланија не заминала во Вашингтон по цели пет месеци од инагурацијата на нејзиниот сопруг, туку се работи за преговори за нов брачен договор.
Новинарката во нејзината нова книга „The Art of Her Deal: The Untold Story of Melania Tramp“ објаснува што точно се случувало во Белата куќа и какви се односите помеѓу Доналд и Меланија Трамп.
Таа ја опишува Меланија, како целосно различна личност од фотографиите кои се објавуваат во јавноста и дека првата дама не е воопшто срамежлива ниту повлечена туку дека се работи за една цврста и одлучна жена која го сака својот сопруг и се бори да обезбеди престижно место за нејзиниот син Барон во успешната компанија „Трамп“.
Авторката во книгата додава и дека Меланија преговарала цели пет месеци со нејзиниот сопруг за нов финансиски договор како би ја прифатила „новата улога“ на прва дама.
Три блиски извори на фамилијата Трамп потврдуваат дека во новиот брачен договор, Меланија го осигурала синот Барон да не биде занемарен или исклучен од наследството од капиталот на неговиот татко и претседател на САД, Доналд Трамп.
Меланија барала од Доналд да го подели наследството на сите негови деца на еднакви делови, а бидејќи најмладиот син Барон има и словенечко државјанство тој во иднина може да работи и во претставништата на компанијата Трамп во Европа.
Книгата од 286 страници е напишана врз основа на интервјуа со различни луѓе од сокласници на Меланија, до гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи.
Авторката најави дека книгата треба во јавност да излезе оваа недела.