Ештон и Филе: Чекор во иднината за Србија и за Косово

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон, оценија во понеделникот дека препораките на ЕК за почеток на пристапните преговори со Србија и преговорите за Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) со Косово, е отворен патот за напредок кон европската иднина на Србија и на Косово.

– Препораките да почнат пристапните преговори со Србија и преговорите за ССА со Косово означуваат одлучувачки прекин со минатото и заеднички чекор кон европската иднина, рече високиот претставник за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, се наведува во соопштението.

– Би сакала да оддадам признание на лидерите на Србија и Косово за нивната храброст и визија. Почестена сум што бев во можност да придонесам за овој процес, истакна Ештон.

Еврокомесарот Штефан Филе наведе во соопштението дека одлуката на ЕК е „добра вест за народот во Србија, на Косово и во целиот регион“.

– Србија и Косово докажаа дека можат да се фокусираат на својата иднина, а не да останат заплеткани во своето минато. Нашите препораки денеска, според тоа се јасни: и Србија и Косово заслужуваат да се свртат одлучно кон иднината во ЕУ, рече Филе.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина