• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

СЕММ отстапи од грантот за владина поддршка на здруженија во борбата со корона кризата

by А1он16/06/2020 - 17:00449
Share0

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) информира дека отстапува од грантот во рамки на владината поддршка за здруженија и фондации за мерки за справување со COVID-19 кризата.

Добивај вести на вибер

СЕММ испрати официјален допис до Генералниот секретаријат на Владата на 14 јуни 2020, пред официјалното објавување на информацијата за доделените средства на здруженијата на граѓани.

Поради закажаните парламентарни избори во државата, непосредно по завршувањето на конкурсот за доделување финансиска помош, СЕММ одлучи сиот свој потенцијал да го насочи кон активно следење на состојбите во медиумската сфера и набљудување на степенот на почитување на слободата на изразување, што е приоритетна сфера на делување на нашата организација. Од тие причини, сметаме дека во овој момент СЕММ треба да остане настрана од оваа акција за финансиска поддршка на дел од невладиниот сектор во рамките на настојувањата за борба против коронавирусот.

СЕММ потенцира дека, како здружение на граѓани, ја поддржува Стратегијата за соработка на државата со граѓанскиот сектор, сметајќи дека взаемното дејствување е неопходно во промовирањето и градењето демократска култура и социјална кохезија на сите општествени нивоа, а особено во справувањето со тековните предизвици и проблеми, како што во случајов е пандемијата со коронавирусот. Во ова чувствително предизборно време СЕММ останува доследен на својата примарна функција – грижата за негување на професионалните и на етичките новинарски и медиумски стандарди.

koronavirus mkdsemm

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија

Катерина Ѓуровски04/11/2023 - 08:48

Новинарските и медиумските организации се против владини кампањи во медиумите

Катерина Ѓуровски19/07/2023 - 10:1919/07/2023 - 10:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен