Чаир со над 300 активни случаи на заразени со коронавирус

Од:

Од новите 134 дијагностоцирани на КОВИД-19 од тестирањата во изминатите 24 часа, 97 случаи се во Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, главниот град досега има 1995 позитивни, а активни се 1323.

Меѓу општините на Град Скопје и тие што гравитираат кон главниот град, најголем број активни случаи со вирусот КОВИД-19 има во Чаир – 302. Втора по број на активни е општината Аеродром со 118 случаи, општини во кои има над сто заразени во моментов се и Бутел со 110, Центар со 105 и Гази Баба со 104 случаи.

Општина Сарај има 96, Карпош – 94, Кисела Вода – 64, Ѓорче Петров – 53, Студеничани – 52, Шуто Оризари – 40, Арачиново – 33 и општина Илинден – 27 активни случаи.

Под десет активни случаи имаат општина Петровец (девет), Сопиште (осум), Чучер Сандево (седум) и Зелениково (еден). Во билтенот на Министерството за здравство се евидентирани и двајца странци како активни случаи на коронавирусот.

Министерството наведе дека овие податоци се однесуваат заклучно со вчера и дека по завршување на епидемиолошките анкети може да има измена на бројките по општини во Скопје.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски