Загинаа двајца рудари во Чешка

Од:

Двајца рудари загинале во несреќата која синоќа се случила во рудникот „ЧСМ“ во областа Карвин во источна Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.

Иако раководството на рударскиот гигант за црн јаглен „ОКД“ во чија сопственост е рудникот, не сака да шпекулира за причините за смртта на двајцата рудари се дознава дека тие најверојатно се задушиле при земање на примероци од затворен простор во јамата.

– Со сигурност можеме да кажеме дека не дошло до затрупување, експлозија или потрес на земјата. Се друго би било шпекулација, изјави портпаролот на „ОКД“, Владислав Собол.

Според него, рударите кои имале по 34 години, загинале 1.100 метри под површината на земјата.

Причините за несреќата ги испитува специјална комисија.

Минатата година во несреќа во рудниците на компанијата ОКД загинаа пет рудари.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница