Грција: Започна судењето на поранешниот министер за одбрана

Од:

Во Атина започна судењето на поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цокацопулос и уште 18 лица, вклучувајќи и припадници од неговото блиско семејство, поради обвинение за парење пари во врска со наводна корупција во воени договори.

Цокацопулос, неговата сопруга, ќерка и уште пет осомничени во случајот последините неколку години ги поминаа во затвор, чекајќи го почетокот на судењето.

Се претпоставува дека тој го утврдил системот на земање процент од продажба на воена опрема, особено на германската подморница и рускиот противвосдушен ракетен систем.

Тој наводно примал мито за два договори а потоа партите ги вложил за купување имот во Грција.

Останатите кои што се обвинетите се или за помош во утврдувањето на системот кој започна на функционира од 1998 година или за неовластено примање на пари.

Доколку обвинетите бидат осудени, може да се соочат со казна затвор од 20 години.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица