Должност на секој слободен палестински граѓанин е да стане против агресијата на нашата земја, изјави Салах ал Бардавил, високорангиран функционер на движењето Хамас.
Тој повика на единство меѓу палестинците и „отпор“ против израелските планови да анектира одредени делови на Западниот Брег, јави Анадолија.
Ал Бардавил, на прес конференцијата во Појасот Газа рече дека „палестинското единствено е камел-темелник на националната сила, која може да пружи отпор на планираната анексија. Тој повика на популарни палестински методи, како што се демонстрации.
Меѓу Хамас, кој ја контролира Газа и Палестинската самоуправа со седиште во Рамала, на Западниот Брег, има длабоки поделби, но ал Бардавил повика на „обединето политичко водство“ и побара средба со претставници на Палестинската ослободителна организација (ПЛО).