Општина Карпош до Јаревски: Бунарските води се заштитени

Од:

Од Општина Карпош преку соопштение реагираат на денешната прес конференција на Тони Јаревски од ВМРО ДПМНЕ.

„Ги известуваме граѓаните, како и советникот од ВМРО-ДПМНЕ од Општина Карпош, Тони Јаревски дека бунарското подрачје долж Кејот на Вардар е целосно заштитено, оградено и за истото се грижи ЈП „Водовод и канализација“.

Не се изведуваат никакви градежни активности врз бунарското подрачје.

Во опфатот на паркот воопшто не е влезен делот со бунарите. И во конкурсното решение е посочено дека паркот ќе се протега само во зоната со намена ДЗ – спорт и рекреација.

Општина Карпош заедно со Град Скопје работи на нов парк на површина поголема од 65.000 м2, на локација после Алпинистичката карпа до бунарите на реката Лепенец.

„Еколошко злодело“ беше сликата на овој потег со децении. Стануваше збор за огромна депонија, во урбаното јадро, каде што доминираше кабаст отпад, градежен шут и остатоци од скопскиот земјотрес.

Тука се палеа огнови на отворено и се придонесуваше кон зголемено аерозагадување. И тие што со децении го дозволија ова – треба да поднесат кривична одговорност!

Денеска, овој потег е целосно исчистен, израмнет и подготвен за раззеленување.

Дали на ВМРО – ДПМНЕ им пречи создавањето на новиот парк долж Кејот на Вардар?

Дали овој јавен простор требаше да се пренамени, оттуѓи за простор за нови згради? Да се донесеше ДУП за време на празник, на сила, за да се задоволат апетитите на урбаната мафија?

Доколку ВМРО – ДПМНЕ и Јаревски располагаат со соодветни докази за наводни злоупотреби околу изведбата на овој парк, ги повикуваме да поднесат пријава до Секторот за инспекторат при Општина Карпош, како и до другите надлежни институции.

Јаревски е сведок дека и Општината, но и градоначалникот Стефан Богоев имаат конструктивен однос со опозицијата во Карпош, често се прифаќаат нивни идеи и предлози.

Слободно нека се одржи прес конференција и пред Општина Карпош, а и го покануваме Јаревски, со градоначалникот Богоев и службите да дојде и на теренска обиколка на паркот, за лично да се увери на кои потег ќе се протега паркот, а каде е заштитното подрачје (бунарските води)“, пишува во соопштението на Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Со 10 денари за откуп на пченица ВМРО-ДПМНЕ го закопа македонското земјоделство

А1он

СДСМ: Колапс во ЕСМ – ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

СДСМ: Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо, бараме поништување на срамниот оглас во М-НАВ

Предраг Петровиќ

Филипче: Власта да каже дали имаат сериозен план за одблокирање на евроинтеграциите

(ВИДЕО) Кузеска: Се претвараме во јужноамериканско гето каде полицијата буквално нема контрола над одредени делови од земјата