ВИДЕО: Се урива дивоградбата во Трпејца

Од:

Без проблеми поминува уривањето на дел од бесправно изградениот објект на фирмата „Ивире“ во туристичката населба Трпејца. Екипи на Државниот градежен инспекторат утринава започнаа со негово уривање со помопш на градежна механизација.

Сребре Петрески сопственик на објектот рече дека тајмингот кој бил одбран за уривање на објектот не бил погоден бидејки во ек била главната туристичка сезона. Според него акцијата на инспекторатот се спроведува селективно бидејки како што кажа во Трпејца не бил само неговиот објект дивоградба, туку дека има уште многу други.

Од месната заедница пак од Трпејца се задоволни што акцијата започна. Тие велат дека конечно во Македонија започна да се работи според законите. Ваквиот епилог се случи откако Министерството и ги одзеде надлежностите на општина Охрид за овој случај.

Изминатиов месец околу ова прашање се крена голема прашина во јавноста, откако жителите излегоа на протести. Тие тврдеа дека сопственикот на објектот узурпирал црковно земјиште и дека за сопствени цели и интереси сакал да го урне малото црквиче сместено близу езерото.

Случајот се искористи и за меѓупартиски пресметки и обвинувања.Од локалната самоуправа во Охрид пред некој ден најавија дека одлуката ќе ја обжалат на Управен суд.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид